Оровчанец на 24 ТВ: Нам ни се неопходни избори за да се рестартираат сите процеси, ваква техничка влада е неодржлива

0
956

Во денешното издание на “Отворено студио” на 24 телевизија, д-р Ѓорѓи Оровчанец, со став дека вториот пик се случува заради недоследно почитување на мерките, а излез од оваа ситуација е стабилизирање на состојбата и избор на нова влада.

“Во овој период се случија две работи: бројот на новозаболени се намали, се случи олабавување на мерките што сите го очекувавме со отворање на ресторани, меѓутоа ние не отидовме во ресторан, ние отидовме да играме чочек што е ненормална ситуација во ваков амбиент на пандемија. Втора работа што се случи е една несреќна коинциденција на верски празник и изјави на одредени луѓе кои се косат со здравјето на граѓаните.

Од друга страна, ние не сфаќаме дека дистанцата има огромна важност во ширењето на вирусот затоа што ова е респираторна инфекција која се пренесува со вдишување, а затворањето во простории во групи носи огромен ризик за ширење на болеста. Забраната за групирање е клучна мерка. Воопшто не сакам да го кудам народот, но народот мора да сфати дека мора да се придржува до одредени мерки” – истакна Оровчанец.

Запрашан како го гледа излезот од оваа ситуација, д-р Оровчанец со став:

“Нам ни се неопходни избори, ваква техничка влада не е одржлива. Техничка, пржинска влада се справува со многу проблеми во моментот, меѓу кои и овој со коронавирусот. Треба да се смири состојбата, да се види до каде е економијата и да се направат програми и планови за излез. Покрај оваа епидемија и оваа политичка криза која ја имаме, ние сме исправени и пред влезот во ЕУ. Мора сите елементи адекватно да одговорат. Адекватен одговор е смирување на состојбата со мерките, продолжување на мерките за да работи економијата, избор на нова влада и рестартирање на сите процеси кои треба да се случат. Ова е единствениот начин да излеземе од оваа криза” – додаде Оровчанец.