(ВИДЕО) БОЧВАРСКИ НАЈАВИ ЖЕСТОКО ТЕМПО НА ГРАДБА НА ПАТИШТА И ЖЕЛЕЗНИЦИ: Завршување на автопатот Кичево – Охрид, целосна реконструкција на патниот правец Струга – Ќафасан, постапка за проширување на автопатот Тетово – Гостивар, и изградба на автопат Кичево – Гостивар

0
978

„Инвестициите во инфраструктурата ги реализираме преку изградба и рехабилитација на преку 250 километри автопатна мрежа, изградба на 300 километри експресни патишта, преку 1.000 километри рехабилитација на регионални патишта и рехабилитација на околу 450 километри локални патишта. Во соработка со други министерства преку разни програми планираме изградба на нови 500 километри водоводни и канализациони линии. Фокус и понатаму останува изградбата на пругата на Коридор 8, утврдена ни е динамиката на изградба на преку 700 социјални станови”, истакна министерот Благој Бочварски на денешната прес-конференција на која ги презентираше целите и задачите содржани во мандатното писмо.

„Довербата што ми ја даде премиерот Зоран Заев носи голема одговорност и отчетност пред граѓаните. Мандатот за Влада 2020-2024 година е обврзувачки за сите нас и она што е преточено во Владината програма да го реализираме“, истакна министерот Бочварски.