Димова: Нешто што се уривало 11 години не може да се среди за две години

0
853

Нешто што се уривало 11 години не може да се среди за две години, му одговори Лидија Димова, директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност на својот соговорник Сотир Костовски во вечерашното гостување во „Само вистина“ на Канал 5 ТВ по низата обвинувања дека системот е виновен за денешната состојба со корона вирусот.

Она што на опозицијата постојано и недостасува е анализа, ништо нивно не се базира на докази, за се им е виновен Заев. Барем да понудија алтернативна дискусија во јавноста, порача Димова.

Се обидуваме да ја надминеме султан државата, рече Димова алудирајќи на 11-годишното владеење на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, појаснувајќи дека сега од опозицијата се во шок што Заев не се појавува секаде.

Димова уште еднаш потсети дека не може за две години да се санираат штетите од 11-годишниот режим, и дека во ВМРО-ДПМНЕ нема простор за различни мислења и ставови.

Идеологијата на Социјалдемократијата е поинаква, дозволува различни мислења и ставови, базирани на докази. – истакна Димова.