ОПШТИНА БИТОЛА СО КОЊАНОВСКИ И ДПМНЕ ПОВТОРНО ВЛЕГУВА ВО “ЦРВЕНО”

0
427

Заврши циркусот за наводната кавга помеѓу градоначалникот, советниците од ДПМНЕ и Поинаку. Изгласана е завршната сметка и даден е “амин” на сите ненаменски трошења. Дали се работи за договор за идни пратеници или само за задоволување на политички барања на поединци, за битолчани е неважно. Важно е дека Коњановски и ДПМНЕ ја враќаат општината во времето на Талески, кога се трошеше без контрола и се создаваа обврски без покритие.

За разлика од периодот од 2018 до 2021 година, во 2022 година, според извештајот на општината, евидентираните обврски по повеќе основи во извештајот се околу 130 милиони денари, а на сметката на општината има 120 милиони денари.Поголемите обврски од парите што ги има општината, води кон нестабилност и создавање на долгови. Затоа му порачуваме на Коњановски: Баталете проценти, гледајте ги апсолутните, реалните бројки!Битола тапка во место, битолчани не добиваат поквалитетен живот. Парите на битолчани се трошат, а нема нови улици, нема стационар, нема училиште во Буковски ливади, нема спортски комплекс. А, само лани потрошивте 30 милиони евра!

Престанете да ги слушате тие што го советуваа Талески и го доведоа таму каде што е сега.
Престанете да трошите повеќе отколку што имате приходи, престанете со нерационални и непродуктивни трошења од кои аир гледа само мала група на блиски до општинската власт бидејќи истите ќе ве доведат во ситуација да барате задолжување на општината.