МИЦКОСКИ : ЌЕ ГО НАМАЛИМЕ РАМНИОТ ДАНОК ОД 10 НА 8%, ЦЕЛ ЌЕ НИ БИДЕ БАРЕМ ЕДЕН МАКЕДОНСКИ УНИВЕРЗИТЕТ ДА БИДЕ ВО ПРВИТЕ 1.000 НА ШАНГАЈСКАТА ЛИСТА

0
492

За бизнис секторот Мицкоски истакна дека е потребно јасна предвидливост во даночната политика, намалување на данокот од 10 на 8 проценти, како и намалување на сивата економија преку вонредни инспекциски надзори во сите компании.

За бизнисот предвидливост во даночната политика, да не ни се случува при секој промена на министер во министерството да имаме осцилации во делот на даночната политика. Значи јасна предвидливост во следниот период. Веднаш откако ќе биде формирана новата влада на ВМРО-ДПМЕН стапката на данок се намали од 10 на 8 проценти, но истовремено зајакнување на инспекциските служби со правници и економисти кои што ќе ја намалат сивата економија во Македонија, со тоа што ќе прават вонредни инспекциски компании, изјави тој.

Еден универзитет во првите 1000 илјади според Шангајската ранг листа, иако рековме на минатиот Конгрес во првите 500,  бидејќи според ова цунами кое што ни го донесе оваа влада  немаме ниту во првите 3000. И затоа е многу важно да имаме барем еден универзитет во првите 1000 според Шангајската листа која што сме дел од образованието ја сметаме како репер таа ранг листа, додаде Мицкоски.