ОД СДСМ БАРААТ ИНСТИТУЦИИТЕ ДА ПОСТАПАТ ПО СКАНДАЛОТ СО ЗЛОУПОТРЕБА НА БОЛНИ ОД ДПМНЕ ВО СТРУМИЦА

0
90

Александар Николовски, кој никогаш ништо реално не сработел во животот, очигледно знае единствено да мешетари и злоупотребува политички функции.

Му порачуваме да не се крие зад бледите соопштенија на ВМРО-ДПМНЕ туку да излезе и да одоговри на прашањата кои јавноста и граѓаните од Струмица ги бараат:

Дали е тој организаторот на злоупореба на пациентите и објавување на списоци за гласање на болните во болницата во Струмица?

Дали по него инструкција мајката на кандидатот за пратеник од редовите на ДПМНЕ – Петар Марков, Силвана Маркова вработена во ЈЗУ Струмица објавува списоци со болни луѓе за да може да се врши притисок истите да гласаат за ВМРО – ДПМНЕ?

Дали е вистина дека вакви списоци има во сите институции каде ДПМНЕ има пристап?

СДСМ бара институциите итно да постапат по овој случај на злоупотреба и ќе ги информира меѓународните партнери. Овој скандал потестува на едно не така далечно време кога ВМРО-ДПМНЕ ги киднапираше институциите.