ОД СВР-БИТОЛА ПРИВЕДЕН Е ПРИЛЕПЧАНЕЦ КОЈ КРАДЕЛ ВОЗИЛА

0
257

На ул.„Прилепски бранители“ во Прилеп, точно на полноќ во 00.00 часот полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп го лишиле од слобода Е.А.(41) од Прилеп.

Како што денеска соопштија од МВР, тој се сомничи дека извршил тешки кражби во возила и дека одзел различни предмети.„Украденото е пронајдено и вратено на сопствениците, а по целосно документирање на случајот против Е.А. ќе следува соодветна пријава“, појаснуваат од МВР.