Од коронавирусот почина диџеј Ицко од „Антена 5“ радио!

0
843

Уште еден медиумски работник почина како последица на компликации од коронавирусот во нашата земја. 

Станува збор за познатиот диџеј Ицко, кој  долги години работеше во „Антена 5“ радио.

Неговите колеги, пријатели и соработници уште рано утрово започнаа да споделуваат фотографии со познатиот диџеј, преку кои жалат за прерано згаснатиот живот.

Како што пишуваат одредени медиуми, Ицко веќе подолго време бил хоспитализиран, но за жал не успеа да ја добие битката со вирусот.

Тој ќе остане запаметен како еден од луѓето кој допринесе за развој на македонската електронска сцена.

Извор : СлободенПечат