СДСМ : ТЕПАЊЕ ПОЛИЦАЈЦИ И ПОПРЕЧУВАЊЕ АКЦИЈА ПРОТИВ ДРОГА, МВР ДА ОДГОВОРИ КАКВА Е УЛОГАТА НА МИЦКОСКИ?

0
158

МВР да одговори каква е улогата на Мицкоски во спречувањето на акцијата против дрога?

Јавноста чека одговори по скандалот со тепање полицајци и попречување акција против дрога.

Дали структурите на ДПМНЕ во ВМРО-МВРО, сега откако имаат министер, ја попречуваат борбата против дилерите со дрога?

Шефот на обезбедувањето на Мицкоски тепал полицаец, инспектор, кој си ја вршел својата работа и спроведувал акција против дрога во кафе бар во Скопје.

Овој скандал мора целосно да биде расчистен.

Институциите мораат да постапат и секој инволвиран да понесе одговорност.