ОД ВМРО-ДПМНЕ БАРААТ ПОД ИТНО ПРЕДВРЕМЕНИ ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ ДА СЕ СПАСАТ ОД ДАНЕЛА, САМО ТАКА И НИКАКО ПОИНАКУ

0
1127

Лек за неспособноста на Данела Арсовска се единствено предврембори.ени парламентарни избори, на кои ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, а потоа ќе формира влада. Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе може сериозно да помогне за реализација на голем број проекти за Скопје. Наспроти тоа, СДС нема концепт ниту, пак, знае како да работи и да направи проекти.

СДС ги бара ингеренциите за нивни фирми да ги земат парите. И сите проекти кои ќе ги земе владата на СДС ќе завршат како автопатот Кичево – Охрид или Клиничката болница во Штип. 6 години не можат да завршат еден проект, а за почеток на нов воопшто не станува збор. СДС мислат на стагнација, ВМРО-ДПМНЕ на развој“,велат од ВМРО-ДПМНЕ. Вчера премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, пак, изјави дека Владата ќе ги доврши сите големи проекти што се започнати во Скопје и освен за Универзална сала ќе ѝ ги одземе ингеренциите и за други проекти.