СО 3 МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ СЕ ОДРЖУВААТ И ПАТИШТАТА, БИТИЌИ: СО КАРТИЧКИТЕ ЗА СРПСКИТЕ ТУРИСТИ МУ ПОМАГАМЕ И НА ДОМАШНИОТ ТУРИЗАМ

0
244

“Не сметам дека со електронските картични за српските туристи низ патарините ќе се дестимулира домашниот туризам. Секако тоа се предвидени трошоци” изјави заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.

“Сумата која што беше одредена е дадена од Јавното претпријатие за државни патишта која стопанисува со патарините. На нивните претходни анализи од претходните години за бројот на посетители со српски регистарски таблици на граничните премини, на патарините се укажа дека скоро три милиони ќе чини помалку приливи за ЈП за државни патишта. Во суштина тоа не се пари за картички. Тоа е надомест на тоа што ќе се изгуби како приход во ЈП за државни патишта. Тие средства одат на одржување на јавните патишта во државата, на нови инвестиции” – истакна Битиќи