ОД БИХАЧКА ЗАПУКАА СО ТЕШКА АРТИЛЕРИЈА: Александар Николовски, бесрамниот лажго со судска пресуда, денес со нова лага, преговорите со ЕУ не се условени!

0
871

Бесрамноста на Николовски и ВМРО-ДПМНЕ оди до таму што и во време на криза од светски размери од кои не е поштедена ниту нашата држава, продолжуваат со бесмислени лаги од краток рок.

Истиот тој Николовски кој ја лажеше и убедуваше јавноста дека нема да добиеме позитивна одлука за почеток на преговори со ЕУ, денес лаже повторно.

Уште една лага во низата на Николовски е дека нашиот сосед Бугарија го условува датумот за преговори со Европската Унија.

Одлуката на ЕУ за почеток на преговори со нашата таткова и покрај желбата на ВМРО-ДПМНЕ и Николовски никогаш да не се случи е реалност и не условена од никого.

Николовски бесрамно лаже и ништо повеќе ниту знае, ниту може.

Александар Николоски е уште еден остаток од режимот на Никола Груевски. Тој е докажан креатор на лажни вести со судска пресуда.