ОДЛИЧНИ ВЕСТИ ЗА МАКЕДОНИЈА : ВМРО-ДПМНЕ ќе исклучува нови пратеници!

0
1122

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и понатаму ќе исклучува пратеници од своите партиски редови доколку позитивно се изјаснат на собраниската седница за уставните измени која започнува утре, а најмногу може да трае 10 дена.

Ова го брифираат партиски извори за „Експрес“, а истото го најави и потпретседателот Александар Николовски при неодамнешното гостување на Алфа ТВ. Од таму велат дека нема да бидат избришани од партијата само народните избраници кои дополнително ќе гласаат за новите амандмани во Уставот, туку и оние кои би ги охрабриле да го сторат тоа.како што претходно беше случајот со екс министерот Никола тодоров, потпретседателот Митко Јанчев и екс шефот на УБК Сашо Мијалков.

Иако премиерот Зоран Заев најави дека е можно за уставните измени во согласност со Преспанскиот договор да гласаат 85, па дури и 90-тина пратеници, ВМРО-ДПМНЕ не отстапува од практиката сите пратеници што ќе се спротивстават на партиската позиција за неменување на уставното име Република Македонија.

Централниот комитет на партијата веќе исклучи седум свои пратеници по гласањето за отворање на уставните измени откако беше овозможено двотретинско мнозинство од точно 80 гласа „за“.

Извор: Фактор