(ВИДЕО) ОДВРАТЕН ГОВОР НА ОМРАЗА ПРОТИВ КЛЕТИТЕ АМЕРИКАНЦИ, СОРОС, ЕУ, НАТО, НАМЕСТО БОЖИЌНА ЛИТУРГИЈА НА ВМРОВСКИОТ ВЛАДИКА АГАТАНГЕЛ!

0
1396

Со молебен за татковината, повардарскиот митрополит Агатангел денеска во велешката црква свети пантелејмон, ја заврши божиќната литургија. Во говор кој повеќе наликуваше на политички отколку на црковен, тој побара од верниците да се молат за зачувување на нашето свето и вековно име. Кога треба секој христијанин, секој Македонец да се радува на раѓањето господово, дел од нашиот народ тагува, рече владиката Агатангел.

Живееме во време на глобализација, која е најголемиот ерес, насочен кон православието, рече владиката во својот молебен за татковината. Вакви навреди и понижувања на ниту еден друг народ во светот не му се случуваат, продолжи Агатангел, упатувајќи им порака на политичарите, a при тоа споменувајќи ги кралевите и владетелите кои низ историјата бог ги испратил во пеколот.

Бог е правдата, љубовта и вистината и таа вистина ќе победи, рече агатангел потсетувајќи ги верниците дека во минатото велешани протерале тројца владици од својот град, оти работеле на уништување на се што е македонско. А својот говор го заврши со порака за сплотување и прекин на кавгите и расправиите, оти, како што рече, напаѓајќи се така, другите ни ја земаат државата.