Одете по ѓаволите, вие партиски националистички мегафончиња во фудбалски дресови и сите кои ширите верска и национална омраза

0
1377

Стојам на тоа дека единствена работа поглупава од манипулирање за политички поени е манипулирањето за политички поени со помош на сеење на национална омраза.

Вчерашниот натпревар помеѓу Шкендија и Гент беше најголемиот фудбалски настан кој оваа година се одигра на македонско тло. Јас навивав за Шкендија и се гордеам со сите мои пријатели кои вчера навиваа за Шкендија.

Баш ме интересираа, дали патриотскиве навивачи, „познавачи“ и „љубители“ на фудбалот би оделе по иста логика да е обратна ситуацијата? Односно, дали албанските политичари и граѓани треба по автоматизам да не навиваат за фудбалски или спортски клуб кој се смета за „исклучиво македонски“? Или за индивидуален спортист Македонец кој ги брани боите на националнот знаме? Дали е во ред доколку некој Шверцер му напише на албански политичар дека едвај чека да дојде па да „види како ќе помине“ во Тетово откако ќе навива за некој „чисто македонски“ клуб или спортист???

Одете по ѓаволите, вие партиски националистички мегафончиња во фудбалски дресови и сите кои без никаква морална дилема ширите верска и национална омраза за да можете да се надевате дека ќе мрднете по некое поенче во наредните анкети. Доста беше.

п.с. Браво за Заев.

Павле Богоевски – Фејсбук статус