СЕ ИНСТАЛИРААТ 15 БАЗНИ СТАНИЦИ ВО НАШИТЕ АМБАСАДИ НИЗ СВЕТОТ ЗА ПОБРЗО ИЗДАВАЊЕ НА НОВИ ПАСОШИ ЗА ИСЕЛЕНИЦИТЕ, СПАСОВСКИ: ИСЕЛЕНИЦИТЕ НЕМА ДА СЕ МАЛТРЕТИРААТ ПРИ ОБНОВУВАЊЕ НА ПАСОШИТЕ И ДРЖАВАТА ИСТОВРЕМЕНО ЌЕ ГИ НАМАЛИ СВОИТЕ ТРОШОЦИ

0
901

Министрите за надворешни и внатрешни работи, Бујар Османи и Оливер Спасовски, денес објавија дека 15 базни станици ќе се инсталираат во дипломатско-конзуларните преставништва на Северна Македонија во странство. Со тоа ќе се забрзаат процедурите за издавање нови пасоши на иселениците во државите каде што живеат и работат.

Досега нашите иселеници мораа да дојдат во земјата за да извадат пасош или да ги чекаат мобилните тимови на МНР два пати годишно во амбасадите за да ги соберат потребните податоци, а потоа чекаа 4-6 месеци за да ги добијат пасошите.

Овие 15 базни единици ќе бидат инсталирани во исто толку амбасади: Берлин, Бон, Берн, Брисел, Минхен, Љубљана, Венеција, Лондон, Стокхолм, Њујорк, Чикаго, Мелбурн, Виена и Торонто. Спасовски и Османи најавија дека во иднина ќе има вакви базни станици за земање податоци и отисоци во сите дипломатски преставништва. Од нив 9 се фиксни, а 6 мобилни и чинат 150 000 евра.

“За прв пат од независноста граѓаните дома и во дијаспората ќе имаат еднакви услови при вадењето документи” – рече Спасовски.

Министерот Османи рече дека за тоа им помогнале податоците од пописот што се реализира изминатите месеци во дијаспората.