Понекогаш посакувам Заев да беше голтар и голо куре желно за власт по секоја цена!

0
1674

Една од последиците кога си успешен градоначалник на голема општина над една декада, кога си 15 години во високата политика, кога си дел од богата фамилија која 25 години се вивнува во највисоките стратосфери на бизнис просторот со илјадници вработени десетина јаки брендови и десетици милиони евра богатство, со станови куќи и вили низ цел балкан, со 15 години возење во најкапатие коли и ебењето на најјаките пички во земјава, Зоран Заев се однесува сосема опуштено и смирено кога е во прашање доаѓањето на власт.

Понекогаш посакувам да не беше така. Понекогаш позакувам Заев да беше голтар и голо куре желно за власт за конечно да види милионче со голо око и конечно да плесне асална пичкетина и конечно да се вози во лимзуина од 100 000е и да види како е да се будиш во скапа вила или стан со поглед од кој се добива долг оргазмичен прдеж рано насабајле…

Да Заев ги рокна бомбите, со тоа покажа голема храброст и одлучност и бескомпромисност, но да беа на негово место Љубчо и Грујо и Бранко од пред доаѓањето на власт, немаше да застанат тука, ќе газеа и ќе притискаа до ниво на распад на државата.

Болната потреба да дојдеш на власт прави од тебе таква животиња што ризиците кои се преземаат надминуваат некогаш здрав разум. Заев сепак беше претпазлив цело време и внимаваше да не напраи голема штета. Затоа што не е болен за власт, затоа!

Дури и ден денес, Заев внимава, пази, не презема големи ризици по однос на државата и нон стоп се фрла под гуми и се жртвува себеси за доброто на земјата. Последниот потег со Шкендија е токму тоа. Иронично, опозицијата и Заев се послдното лепило кое ја држи државата пред етнички рспад, Грујо и Ахмети одамна ги скинаа сите конци кои ја држат оваа земја унитарна…

Зошто го прави тоа Заев? Затоа што не се бори за власт слепо и болно, затоа што си вели во себе си – Ок ако ме изберат ок, ако не пак ок, битно ми е да не направам нешто што ќе и наштети на земјата неповратно… Имам јас кај да се вратам, не се борам по секоја цена, не идам на се или ништо…

Заев знае дека и да не успее, има каде да се врати, има успешен живот, успешен човек е, се има пробано и видено, не е болно мрднат за премиерската фотеља.

Ви велам, некогаш навистина посакувам да не беше така. Посакувам да наоѓаше нови и нови начини, ризични и опасни, да го ебе режимот у уста, да наоѓа нови и нови популистички начини како да му го украде народот на Грујо. Сеуште сметам дека со Грујо може да се игра само популистички, особено кога си без медиуми и без голем капитал со кој можеш да му парираш.

Заев е богат човек, ама за Груевци е смешен пичкин дим! Не може да им парира во никој случај. Може само со популизам, ама тоа он го смета за преголем ризик, а и разни Геровци, Џељовци и сличнни посерковци нема да му дадат, ќе го изедат.

Значи да стискаме палци и да се надеваме дека патот кој го одбра Заев ќе биде исправниот, јас ќе помагам колку што можам…

Заев ќе биде одличен премиер. Ќе се сконцентрира на работа а не на крадење и уживање, Заев веќе е милионер и знае како изгледаат парите. Он ќе се фокусира само на оправање на државата. Тоа е неговата предност, што ќе биде одличен премиер, проблемот е што не е болно опседнат со тоа, а тоа ќе го отежне падот на лудакот Груевски од власт…

Саше Ивановски