ОВОЈ НЕМА НИ СРАМ НИ ПЕРДЕ, ТЕШКО НАС ШТО ГО ЧИТААТ СТРАНЦИВЕ : МИЦКОСКИ „ДОЗНАЛ“ МУАБЕТ ДЕКА КОВАЧЕВСКИ СИ ПОДНЕЛ ОСТАВКА АМА ТАЛАТ И НЕГОВИТЕ ЖЕСТОКО СЕ СПРОТИСТАВИЛЕ И ЈА ПОВЛЕКОЛ

0
775

Па еве од овде од Штип сакам да му порачам: Ковачевски не мачете се и престанете да ја тонете Македонија, дајте си оставка. Оставка на цела влада. Прифативте улога со која не можете да се носите, рече Мицкоски за Ковачевски.

Немавте храброст за дебата за договорот со Коридорот 8 и 10 Д, барем имајте храброст да ставите потпис на вашата оставка. Оставка барем да не го загубите достоинството ако барем и малку ви преостана. Оставка затоа што со секој ден мислење дали да ја дадете или не, дополнително ја тонете Македонија. Направете го чекорот, охрабрете се и дајте оставка, така ќе ја спасете Македонија и ќе направете едно нешто добро во овој малку мандат што ви остана, истакна тој.

Мицкоски порача дека ниту една оставка нема да биде бегство од одговорност, нагласувајќи дека ќе се одговара и правдата ќе го гони за секој еден украден денар да го врати.
А и да ви кажам за да знаете. Ниту една оставка нема да ви биде бегство од одговорноста која следи. Ќе одговарате за секој денар и ќе ве гони правдата се додека не го вратите и последниот украден денар. За ова го имате мојот збор, дециден е Мицкоски.
Премиерот Ковачевски за изнесеното од Мицковски за некаква оставка тврди дека е лага.

Не постои такво нешто и можете да отидете и да проверите во архивата. Такво нешто не постои како документ. Најверојатно тоа е некоја шпекулација – изјави денеска Ковачевски.