БЛИНКЕН ВО ВАЖНА МИСИЈА НА БЛИСКИОТ ИСТОК : СЕ НАДЕВА НА ПРЕКИН НА ОГНОТ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ХАМАС

0
123

„Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изрази надеж дека ќе биде договорен прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, како и ослободување на заложниците кои ги зеде палестинското исламистичко движење во нападот врз еврејската држава на 7 октомври“,соопштија од Стејт департментот.

Тој предупреди дека „100 отсто“ од населението на Појасот Газа е во „ситуација на сериозна несигурност и недостаток од храната“.Блинкен ќе ги посети Саудиска Арабија и Египет и ќе се сретне со високи претставници на двете земји.Обезбедувањето поголема хуманитарна помош за Газа, како и разговорот за повоениот план за енклавата, ќе бидат меѓу темите за кои ќе разговара со саудискиот и египетскиот функционер.Блинкен моментално присуствува на самитот за демократија во Јужна Кореја и ќе се сретне со министерот за надворешни работи и со претседателот на Филипините.