ПАДНАА МАСКИТЕ, НЕ СЕ НИКАКВИ ЛЕВИЧАРИ, РАДИКАЛНИ ДЕСНИЧАРИ СЕ: Левица гласаше против имињата на улиците како Стив Наумов, Славко Јаневски, Блаже Конески, Салвадор Аљенде…

0
1304

Советот на Град Скопје на вчерашната седница усвои одлука со која се менуваат имињата на 485 улици и 8 мостови, плоштади и други инфраструктурни објекти во градот. Ваквата одлука беше поздравена од Сојузот на борците од НОАВМ и граѓаните продолжувачи, Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ и од Фондацијата „Славко Јаневски“, но не и од Левица како партија со лева политичка идеологија.

Имено, претставничката на Левица во Советот на Град Скопје, Драгана Велковска, гласаше против оваа одлука целосно занемарувајќи го фактот дека нејзината партија како левичарска партија би требало да е идеолошки поблиска со социјалдемократите отколку со конзервативната десница предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Со вчерашната одлука на Советот на еден начин се исправа историска неправда со што се враќаат дел од старите имиња на улиците кои беа променети во текот на 2012 година спротивно на волјата на граѓаните кои живеат на тие улици. Не само што се враќаат дел од имињата кои се идеолошки поврзани со НОБ и социјалистичкото минато Железничка, Стив Наумов, Салвадор Аљенде, 4 Јули, 29 Ноември, Бихаќка, Владимир Комаров, Руди Чајавец, Жарко Зрењанин, Ратко Митровиќ и други, туку се враќаат и познатите Ленинова, Водњанска, Драчевска кои се дел од колективната меморија на скопјани. Дополнително се додаваат и Блаже Конески и Славко Јаневски кои неправедно беа запоставени од претходната локална власт, најверојатно од исто такви „идеолошки“ причини.

Се поставува прашањето колку навистина Левица е левичарска партија имајќи во предвид дека нејзината претставничка не покажа ни минимален левичарски сензибилитет да поддржи исправање на историската неправда направена со одлуката на Советот за менување на имињата на улиците од 2012 година од страна на мнозинството на ВМРО-ДПМНЕ.