Починатата родилка од Охрид негативна на коронавирус, проблем била дебелината и високиот притисок

0
1148

Тестот за коронавирус на починатата родилка од Охрид се покажал негативен. Имено, Министерството за здравство соопшти дека родилката од Охрид која доцна синоќа почина на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје била негативна на КОВИД-19.

Пациентката на возраст од 37 години вчера попладне била донесена во Скопје со возило на брза помош во високо фебрилна состојба и со мртов плод.

Од Клиниката за гинекологија и акушерство велат дека веднаш по пристигнувањето на пациентката и била направена целосна лабораторија и земен брис за КОВИД-19.

Од Министерството за здравство додаваат дека според извештајот на Клиниката, се работело за екстремно обезна пациентка, со телесна тежина од околу 150 кг, со висок крвен притисок и тахикардија, која во последните 5 месеци воопшто не се движела, а согласно податоците од докторите во Охрид, пациентката не ги извршувала ниту потребните гинеколошки контроли.