НУКЛЕАРНА БОМБА НА АДВОКАТОТ НА БОКИ: Ако се вештачеше телефонот на Боки ќе се утврдеше дека нема ниту рекет, ниту пари

0
798

Адвокатот на Бојан Јовановски во вечерашното гостување на телевизија Алфа уште еднаш повтори дека не му е јасно зошто доколку обвинителот имал чист предмет, по секоја цена сакал да избегне вештачење на телефонот на Јовановски.

-Ако јас сум обвинител и имам чист предмет и имам чисти докази, зошто јас толку бескропомисно би се борел тој телефон во ниеден случај да не биде вештачен. Тоа е тотално неразбирливо. Со вештачењето ќе се утврдеше вистинската фактичка состојба, дека нема ни Р од рекет, ни П од пари и ниту В од вина, вели Дуковски.