Иванов и нашиот Милошевиќ

0
1611

Иванов го враќа “вербалниот деликт” во сила

Се слуша ли онаа несреќа од претседател што зборува: ” Платформата ја донесува Македонија во потчинетост”. Го враќа ли тој во сила “вербалниот деликт” од времето на комунизмот и ќе нареди ли да се апсат авторите на платформата, која е всушност заедничка изјава на сите албански партии во Македонија
Што и да е во прашање, тој во моментов се однесува како силеџија заштитен со државна функција и имунитет. И може да си дозволи да тресе глупости без срам и усул.
Останува надежда дека тоа негово глупирање уште повеќе ќе ги мотивира граѓаните за демократски промени и реформи а на САД и на земјите од ЕУ ќе им стане јасно дека нема разлика меѓу неговото однесување и она на Милорад Додик од Република Српска на кого веќе му забранија влез во САД и му го замрзнаа имотот за да сфати дека прави криминал кој меѓународната заедница не смее да го толерира.

Фејсбук статус на проф. Ѓорѓи Спасов