Новата влада конечно по 10 години ќе го реши проблемот со гинекологот во Шутка

0
994
Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска оствари работна средба со министерот за здравство, Арбен Таравари, министерот без ресор, Самка ибраимовски, претседателот на Здружението на гинеколози, Душко Филиповски и претставници на невладини организации. Тема на работниот состанок бил деценискиот проблем со гинеколог во Шуто Оризари.
„На средбата невладините организации имаа можност да ги искажат проблемите со коишто жените ромки се соочуваат секојдневно и тие велат дека поголем број од нив за првпат со гинеколог се сретнуваат кога ќе дојде време за породување, а не ретко се случува од болница да бидат вратени затоа што немаат здравствени легитимации иако се итни случаи“- стои во соопштението.Министерката Царовска и министерот за здравство Таравари се согласиле да одржат работен состанок со директорот на Фондот за здравство на кој ќе разговаараат за можните решенија, а потоа тие да бидат претставени на состанокот на Здружението на гинеколози кој ќе се одржи на крајот од овој месец.