Новинарите на ПРИЗМА откријаа Белизе-врска помеѓу партнерот на Анѓушев и ексфункционер од ВМРО-ДПМНЕ

0
3180

Потрагата по офшор-партнерот на новиот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев води кон ексфункционерот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Здравев.

Новиот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев и откако стана висок владин функционер не го открива вистинскиот основач на фирмата „Макинвент“ со која неговата „Феро инвест“ е во партнерски односи.

БИРН пред две години се заинтересира за „Макинвент“, откако дознавме дека во моментот кога Анѓушев се здружил со оваа компанија, нејзин сопственик била фирма со седиште во Белизе, офшор што гарантира дискреција на сопственичката структура на компаниите.

Мистериозната „Макинвент“,„Феро Инвест“ на Анѓушев и фирмата на неговиот кум Митко Кржовски го сочинуваат конзорциумот „Хидро Осогово“, кој управува со четирите мали хидроцентрали на цевководите преку кои вода добиваат граѓаните на Крива Паланка.

Во 2015 ги прашавме сите учесници во конзорциумот чија е фирмата од Белизе.

„Сопственик на фирмата од Белизе е бизнисмен од соседството, мој пријател, меѓутоа не можам да ви кажам кој е. Тој нема никаква врска со сите оние што во Македонија се поврзуваат со офшор-капиталот од Белизе“, тврдеше Анѓушев.

Кој е мистериозниот бизнисмен не откри ниту вториот партнер во „Хидро Осогово“, Митко Кржоски, а сопственикот не го знаеше ниту човекот што управуваше и подоцна ја презема „Макинвент“, скопјанецот Игор Секуловски.

„Не знам кој е газдата, иако мислам дека не е еден човек туку цела корпорација. Анѓушев ме замоли да бидам директор, бидејќи сум електроинженер. Не работам таму за плата, фирмата не е активна, освен во проектот со малите хидроцентрали“, изјави Секуловски за БИРН пред две години.

Повеќе за оваа сторија ќе може да прочитате на порталот Призма