НИШТО ОД ЛАГИТЕ НА ВМРОВЦИТЕ ДЕКА ЗАЕВ ГО ИСПИЛ ВЕШТАЧКОТО ЕЗЕРО ВО ПРИЛЕП : ПРИЛЕПСКИТЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ БЕЗ ПРОБЛЕМ ЌЕ МОЖЕ ДА ГО КОРИСТАТ ВЕШТАЧКОТО ЕЗЕРО, ВО ВЕШТАЧКАТА АКУМУЛАЦИЈА ИМА ДОВОЛНО ВОДА ЗА НАВОДНУВАЊЕ НА ПРИЛЕПСКОТО ПОЛЕ

0
1189

Прилепските земјоделци не треба да се грижат – во вештачката акумулација има доволно вода за наводнување на Прилепското поле. Тоа го констатиравме после денешната обиколка на вештачкото езеро, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димкоски.

Прилепското вештачко езеро, заедно со хидромелиоративниот систем, кое е изградено пред повеќе од 50 години, претставува капитален објект за нашиот град, за земјоделците и тутунопроизводителите, кои години наназад ја користат водата од езерото за наводнување на Прилепското поле.

И не само тоа, туку во овој момент го реализираме проектот со рекреативни содржини за граѓаните, „Прилепско езеро – нови авантури, нови можности“, кој ќе биде завршен до крајот на годината. Езерото беше, а во ииднина повторно ќе биде симбол за нашиот град и гордост за прилепчани.
#ОпштинаПрилеп
#ОпштинаЗаГраѓаните

Фејсбук статус на градоначалникот на град Прилеп, Илија Јованоски.