СДСМ: Што се друго “доблесно“ изнесува и внесува Мијалков во неговите куфери?

0
1055
Соопштение за јавност, 18.10.2015
Почитувани,
Толку е “доблесен“ Никола Груевски што го потврди скандалот со неговиот братучед, Сашо Мијалков, приведен на белградскиот аеродром поради пиштол во торбата.
Сега за двајцата “доблесни“ братучеди недостига уште “доблесен“ расплет на случајот Мијалков со пиштол.
Веројатно “доблесниот“ Мијалков ги знае законите за носење и пријавување оружје на излез и влез од државата.
-Ако овој “доблесен“ граѓанин, поранешен директор на УБК, Мијалков, заборава пиштоли по торби, колку често тој минува граници со пиштоли во торбите како шериф?
-Што `се друго “доблесно“ изнесува и внесува Мијалков во неговите куфери?
Холдингот ТАВ што управува со аердромот во Скопје е должен на јавноста во Македонија
да и објасни:
-Дали Сашо Мијалков поминал низ контрола или не?
-Кој го дозволил тоа, ако не?
-Дали при други патувања му вршеле контрола на Мијалков, како и на сите други граѓани?
ТАВ и надлежните служби, полиција, царина…ги должат овие информации на јавноста во Македонија.
Инволвираните во инцидентот и оние кои кријат информации ќе мора да понесат одговорност.
Скопје, 18.10.2015 год.
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА