НИКОЛОСКИ ОД НОВАЦИ : НОВАТА ВЛАДА НА ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ ГИ ДЕЦЕНТРАЛИЗИРА БУЏЕТСКИТЕ ТРОШЕЊА, ПАРИ ЗА ЛОКАЛНИТЕ ИНФРАСТРУКТУРНИ ПРОЕКТИ ЌЕ БИДАТ ИСПЛАТЕНИ КОН ОПШТИНИТЕ

0
103

Прес-конференција на Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ носител на изборна единица 4

Почитувани,

Присуствувам скоро на завршување на еден витален исклучително значаен проект за сите жители тука, затоа што како што еден жител тука кажа ова се проблеми кои се педесетина години нерешени и морам да честитам на градоначалникот на Општина Новаци затоа што навистина посветено работи со скромните средства што ги има општината да реализира што повеќе проекти.

Ова беше општина која тој ја затекна како екстремно задолжена општина со огромна задолженост имајќи ја во предвид општината, а сега е веќе општина во позитива која секоја година одвојува значајни средства за капитални расходи.

По парламентарните избори веќе ова лето ќе почнеме да работиме на децентрализација на средствата од буџетот и значајни средства ќе влегуваат и од централниот буџет некаде околу 2 до 2,5 милиони евра ќе влезат во еден инвестициски циклус од 4 години дополнително на она што е буџет на општината со цел да можат најголем дел од потребите на целата општина да бидат решени.

Би сакал уште еднашка да честитам на градоначалникот, на советот, на сите кои се ангажирани во овој проект и да се гледаме на уште многу нови проекти.