ЈАНКО БАЧЕВ ЗА ПОЧИНАТИОТ АМЕРИКАНСКИ ДИПЛОМАТ ЏЕМС ПЕРДЈУ : ВО 2001-ВА ГОДИНА НАПРАВИ ИНЦИДЕНТ ВО ТРЕНИНГ ЦЕНТАРОТ НА МВР ВО ИДРИЗОВО, КРШЕШЕ ТАЊИРИ ВО МЕНЗАТА?!

0
1113

Почина еден од пионите на „ѕверот„ за рушење на Македонија и Македонците. Креатор на предавничкиот рамковен договор и амнестијата за учките кои од вчера станаа екологисти.

Од моите сеќавања:

Џејмс Пердју, дипломат и припадник на шпионската воена служба на САД ќе ми остане во лошо сеќавање. На 3 октомври 2001 при посетата на полицискиот тренинг центар во Идризово каде што започна обуката на идните полицајци Албанци, направи смислен инцидент и почна неконтролирано во мензата да фрла чаршави, вилушки, лажици, чинии, го истури јадењето со кое беше послужен а кое беше на редовното мени за ручек, почна да урла, пцуе и вика дека идните полицајци Албанци таму се малтретираат, а девојките – Албанки потенцијални полицајки се силуваат.

Пердју водел сметка за сите детали и инцидентот го направи за викенд и кога беа повикани новинари да најдат барем една силувана Албанка или малтретиран курсист Албанец, немаше никој оти си отишле за викенд. Колку што се сеќавам имаше и анкетирање меѓу припадничките на женскиот пол од албанска нациналност, но, ниту една не потврди дека е силувана од припадници на специјалните безбедносни сили кои беа сместени во Идризово.

Јанко Бачев, поранешен висок функционер во МВР и ДБК.