НЕ Е ТОЧНО ДЕКА ИМА НОВИ БАРАЊА ОД ТУРЦИЈА ЗА ЕКСТРАДИЦИЈА КОИ ГО ОДЛАГААТ ИСПОРАЧУВАЊЕТО НА ЉУПЧО ПАЛЕВСКИ – ВЕЛИ ПЕНДАРОВСКИ

0
56

Според него, барањата за таква екстрадиција датираат од периодот кога Рената Дескоска беше министерка за правда.

„Точно памтам дека професорката Дескоска беше таму и во нејзино време е пристигнат таков документ со 15 имиња, турски државјани кои тука работеа. Беа на наша територија. И почнаа барањата, сосема легитимни од турско гледиште, тие луѓе да ги испорачаме. Ние, од друга страна, тукушто требаше да влезме во НАТО и имавме други проблеми со ратификација на НАТО-пристапниот протокол во сите земји членки, вклучително и во американскиот Конгрес.

И од американска страна, која е многу влијателна членка, не само во НАТО, ни беше речено – немојте да го правите тоа бидејќи ние го имаме главниот човек на таа, како што ја нарекува Турција, терористичка организација, во Пенсилванија, Фетула Ѓулен, живее во Америка со години и, вели, ние не го протеруваме, не го апсиме. Ако го направите тоа, вашиот протокол за пристап нема да биде ратификуван во американскиот Конгрес“, рече Пендаровски.

Пендаровски дополни дека имал средба со туркиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Сараево во 2019 г. на која му ја објаснил ситуација.Според Пендаровски, дел од тие луѓе заминале од земјава. Потенцира дека не знае за ново барање.„Според извештаите и на турската служба, ова не е причина (што Палевски не е екстрадиран досега, н.з.). Веројатно станува збор за внатрешни правни процедури на таа држава кои јас не ги познавам, но познавам држави во кои ваква процедура може да се оддолжи месеци, па и години“,вели тој.

Прашан за информациите што ги сподели министреот за правда Кренар Лога дека судската постапка е завршена и дека се чекаат потписи од надлежните министри или министер во Турција, Пендаровски дополни дека се чека параф од министерот за надворешни работи, Хакан Фидан.„Така е кај нив.

Тој треба да го потпише тоа. Тој беше шеф МИТ. Со него јас се видов два пати изминативе неколку месеци, пред да бидам во кампања, и разговорите се, отприлика, на оваа тема“,рече Пендаровски.Тој беше дециден дека не знае нешто специфично што евентуално го одлага екстрадирањето на Палчо.