ДЕМАНТ: Апасиев се обидува да ја преземе Левица под своја контрола, сакаме да потенцираме дека Левица не е само Димитар Апасиев!

0
1245

Упатуваме јавен демант за лажната вест која се прошири по медиумите дека во политичката партија Левица имало обид за пуч.

За волја на вистината, мала група предводена од Димитар Апасиев спротивно на Статутот и законските одредби на антидемократски начин се обидоа да ја превземат контролата во партијата именувајќи се самите себе за Президиум и Централен комитет без знаење на две третини од членовите на Централниот комитет и апсолутното мнозинство на Президиумот, како и поширокиот број на членови.

Сакаме да потенцираме дека Левица не е само Димитар Апасиев и дека оваа партија ја создадовме за коренито реобликување на стварноста, а не да робува на неговиот политички опортунизам.

Да не дозволиме единствената искра за суштинска промена на општеството да згасне под притисокот на гробарите на овој народ, а тоа се СДСМ-ДПМНЕ-ДУИ.

Президиум на Левица