15-та жртва во сообраќајката кај Ласкарци, во критична состојба се уште 5 лица

0
1220

На Клиниката за реанимација и интензивно лекување во Клиничкиот центар во Скопје почина уште едно лице од повредените во трагичната сообраќајна несреќа што се случи на 13 февруари на автопатот Скопје – Тетово кај селото Ласкарци.

Во критична состојба се наоѓаат уште пет пациенти.

Уште триесетина повредени и понатаму се лекуваат во болничките центри во земјата, а некои од нив се пуштени на домашно лекување.