НЕТАНЈАХУ : ПОДГОТВУВАМЕ КОПНЕНА ИНВАЗИЈА НА ПОЈАСОТ ГАЗА

0
317

Израел подготвува копнена инвазија на Газа, изјави премиерот Бенјамин Нетанјаху во телевизиско обраќање, без да даде детали за времето или други информации за операцијата.

Тој рече дека одлуката за влез во палестинската енклава, која е под контрола на милитантното движење Хамас, ќе ја донесе специјалниот воен кабинет на владата, во кој членува лидерот на една од центристичките опозициски партии, пренесе Ројтерс.

„Веќе убивме илјадници терористи и ова е само почеток“, рече Нетанјаху.

„Истовремено се подготвуваме за копнена инвазија. Нема да објаснам кога, како и колку. Нема да елаборирам ниту за различните пресметки што ги правиме, а за кои јавноста главно не е запознаена.

Израел со денови врши интензивно бомбардирање на густо населениот Појас Газа по нападот на Хамас на 7 октомври на југот на Израел, во кој, според израелските власти, загинаа околу 1.400 луѓе.

Волстрит журнал претходно во средата објави, цитирајќи американски и израелски официјални лица, дека Израел се согласил да ја одложи инвазијата на Појасот Газа за да може САД да постават ракетна одбрана во регионот.