ЈАВНА ПОДДРШКА ОД ПОРАНЕШНИОТ ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР НА НАТО, ЏОРЏ РОБЕРТСОН: БУГАРИЈА ДА ГО ТРГНЕ ВЕТОТО ЗА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ

0
811

Поранешниот генерален секретар на НАТО, Џорџ Робертсон на форумот на Евроатлантскиот клуб на Бугарија на кој учествува и претседателот Стево Пендаровски, побара од новите власти во Софија да ја тргнат блокадата за Македонија во Европската унија.

Откако ја потсети Бугарија дека е потребна флексибилност кон надворешните и внатрешните закани, заштитувајќи ги притоа вредностите и стандардите што ги дели како член на евротатлантскатат заедница, Робертсон го се наврати на кризите во регионот потенцирајќи колку за нивното решавање била битна евроатлантската перспектива.

“Во 2001 година, Македонија беше на граница на граѓанска војна, но благодарејќи на интервенцијата на НАТО, на ЕУ и на ОБСЕ и на големи луѓе како претседателот Борис Трајковски, таа беше запрена и се потпиша историски мировен договор. Сега Македонија е 30-та членка на НАТО. Стабилноста што ја доби со тоа Бугарија на границата, е бонус бидејќи крвава граѓанска војна ќе ги загрозеше мирот и стабилноста и надвор од границите на Македонија, во целиот регион. Во времето на влегувањето на Бугарија во НАТО и ЕУ, луѓето во регионот имаа сон дека членството во овие организаации е ултимативно решение за големото насилство во регионот. Затоа земете ја оваа можност и тргнете ја блокадата на Македонија во ЕУ” – рече Робертсон.