НЕМА ПОГОЛЕМИ МАХЕРИ ЗА ОВА ОД ВМРОВЦИТЕ : ВО КОЛУМНА ЗА ФОКУС, НИКОЛОСКИ ДРЖИ ЛЕКЦИИ ЗА ПОЛИТИЧКАТА КОРУПЦИЈА И ПОЛИТИЧКАТА ПРОСТИТУЦИЈА

0
539

Деновиве Македонија во пракса гледа како изгледа политичката корупција и политичката проституција. Обидот да се зголеми владејачкото мнозинство на СДСМ и ДУИ со внесувањето на Алијансата на Албанците на јавна сцена покажува како изгледа тоа. Со рушење на сите принципи на кои е поставена Македонија и газење на изборната волја на граѓаните се прави напор да се остане ден подолго на власт само заради продолжување на криминалот и корупцијата. Тоа е единствената логика. Минатиот понеделник кога почна дебатата во Собранието на Македонија  јас имав свој говор во кој објаснив како одеше траекторијата на “покана” за влез на Алијанса за Албанците во Владата. Tаа траекторија е многу едноставна.

Минатата година имаше вонредни локални избори за Советот на град Тетово и на тие избори Алијанса на Албанците на изненадување на сите не  освои ни еден  советник, што ќе се согласите дека е далеку од нормално затоа што сепак Алијанса за Албанците беше втора политичка сила во Македонија помеѓу Албанците. Тој изборен резултат доведе до оставка на Зијадин Села од претседател на партија. Додека Зијадин Села беше претседател ние како ВМРО-ДПМНЕ имавме одлична соработка со нив. Но факт е дека во тој  регион во Гостивар и во Тетово Арбен Таравари е повлијателен и очигледно дека народски кажано го “намести” својот партиски претседател Зијадин Села со таков изборен резултат, се со цел Села да мора да си поднесе оставка. Втората фаза е подарок куќа во елитната населба Тафталиџе во Скопје.

Преубава куќа морам да признаам, вкупна квадратура до сега, зошто најверојатно и ќе се надоградува, е 261 квадрат. Oфицијално купена за 500 евра квадрат. Отворете било која Агенција за недвижности ќе видите дека куќа во Тафталиџе чини од 2.000 до 3.000 квадрат. Големо прашање е дали и тие 500 евра квадрат се платени, зошто до денес не видовме трансакција. Колку што се нашите сознанија, а ВМРО-ДПМНЕ секогаш има кредибилни сознанија воопшто трансакција не е направена помеѓу трансакциската сметка на Арбен Таравари и на продавачот, па јавно прашувам дали воопшто има транскација или куќата е подарок? И третата фаза во ова сценарио е влегувањето на Алијансата на Албанците во Владата. Така што ова е една класична политичка корупција и политичка проституција која што се гледа на сцена.