Неколку предлози за здрав појадок

0
2503

Во продолжение ќе пронајдете два предлога за оригинален појадок. Доколку денес веќе сте појадувале, тогаш утрешниот ден е вистинското време за да ги испробате овие два рецепти. Започнете го денот со здрав и лесен појадок!

Појадок во тегла

Навечер, пред да одите во кревет, измешајте неколку состојки во некоја тегла, а наутро кога ќе се разбудите ќе имате веќе подготвен појадок.

Processed with VSCOcam with hb1 preset
Processed with VSCOcam with hb1 preset

Најпрво подгответе ја основата, на тој начин што во теглата ќе ставите:

  • 35 грама овесни снегулки
  • 1 лажичка мелено ленено семе
  • 80 милилитри млеко по избор
  • 85 грама грчки јогурт

Потоа, врз основата ставете ги вашите омилени вкусови. Ви предлагаме вкусови кои можете да ги комбинирате, како на пример:

  • 3 лажички рендан морков, една рака бадеми или ореви, лажичка цимет, лажичка мед.
  • Вишни, малини, рибизли и изрендајте малку кора од лимон.
  • 2 лажички мед, 1 лажичка какао, една рака свежо исечкани јагоди, 2 изрендани коцки црно чоколадо.
  • 2 лажички мед, исечкана банана, рака ореви и ананас.

Теглата со омилените комбинации оставете ја да отстои во фрижидер преку ноќ, а наутро кога ќе се разбудите ќе имате интересен, хранлив и здрав појадок.

tegla2

Смудито е хранлива напивка, која доаѓа директно од блендерот. Тоа е и лесен и едноставен начин за да не постојат повеќе изговори дека не јадете овошје и зеленчук кои не се термички преработени. Предноста на овој вид појадок е во тоа што можете да експериментирате, без можноста да погрешите бидејќи можете да го прилагодите според вашиот сопствен вкус. Неопходни работи за да направите смуди се: блендер, неколку производи кои сигурно веќе ги имате во вашата кујна и 5 минути! Погледнете неколку идеи:

Спанаќ и брокула

Во блендерот ставете:

  • Спанаќ
  • Брокула
  • Киви
  • Јаболка
  • Ѓумбир (помало парче)
  • 200 милилитри вода

 

Јаболка и ананас

Во блендерот ставете:

  • Половина банана
  • Ананас
  • Јаболка
  • Праска
  • Ѓумбир
  • 150 милилитри вода

praska

Праска и морков

Во блендерот ставете:

  • Праска
  • Јаболка
  • Морков
  • Целер
  • Половина лимон
  • 150 милилитри вода

Во секое смуди можете да додадете јаткасти плодови (ореви, бадеми) а ние ви препорачуваме од една до две лажички ленено семе, лажичка мед и лажичка цимет.

Муслите се појадок кој се спрема за 5 минути, а е многу хранлив, здрав и прави да се чувствувате сито. Тоа што сакаме да го нагласиме е дека не треба да купувате готови, веќе спремени комбинации од разни чоколадни и овошни мусли, бидејќи тие се преполни со шеќер и воопшто не се здрави. Отидете во најблиската продавница за здрава храна и купете ги следниве производи:

  • Овесни или пченични снегулки
  • Сончогледови семки
  • Ленено семе (препорачуваме сомелено)
  • Суво овошје (грозје, смокви…)
  • Половина банана, мед, кефир, (може млеко, јогурт)
  • Јаткасти плодови по сопствен избор

Во чинија ставете овесни или пченични снегулки, додајте сончогледови семки, ленено семе, суво овошје по избор, лажичка мед и исечкана банана. Овие состојки можете да ги прелиете со млеко по избор, јогурт, а ние ви препорачуваме и кефир – еликсирот на младоста.