И ОФИЦИЈАЛНО, 30 ДЕНА ПРИТВОР ЗА ШИЛЕЖЕТО ОД ДЕЛЧЕВО, ЕКС ШЕФОТ НА УБК, ВЛАДИМИР АТАНАСОВСКИ!

0
1435

Екс директорот на тајната полиција Владимир Атанасовски доби 30-дневен притвор, откако претходно беше уапсен и помина неколку часа на распит кај судија на претходна постапка.

Неговиот притвор доаѓа по вчерашното сведочење на браќата Стефан и Михаил Младеновски, кои давајќи ја својата одбрана, како обвинети за „27 април“, како еден од организаторите на упадот во Собранието го посочија Атанасовски.

 Атанасовски на чело на УБК застана на крајот на 2016 година, кога од функцијата си замина Сашо Мијалков. Тој во моментот е советник за безбедност на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски.