„НЕКА ДОЈДЕ ЏАФЕРИ ДА СЛИКА ВО КАБИНА ЗА ПОБРЗО ДА СЕ ИЗДАДАТ ДОКУМЕНТИТЕ!“ ТОШКОВСКИ ОБЈАСНИ КАКО СЕ ПАТУВА СО СТАР ПАСОШ НИЗ ЕВРОПА

0
211

– Не е лошо премиерот Џафери, ако е толку многу амбициозен дека може да се заврши сето ова, заедно со министерот за надворешни, бидејќи го видов министерот многупати како е загрижен за целиот овој проблем, да дојдат во МВР, ќе им обезбедам посебни кабини за да може да помогнат во процесот на фотографирање и заедно со останатите полициски службеници и тие, ќе им дадеме посебни картички тие се со државна тајна сите, да помогнат да фотографираат. Нека седнат, нека се договорат политичките партии во Собрание, нека го изгласаат барем Изборниот законик. Ете има добра волја од претседателот на привезоков на ДУИ да седнат и да го прифатат предлогот на претседателот на ДИК. Како не им е срам, нека седнат и нека си ја сработат работата за која што се платени – изјави Тошковски.

Вчера и лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски кажа дека ќе ги поддржат измените во Изборниот законик за да се гласа со пасош во кој нема „Северна“, но кога и дали тие предлози ќе се најдат на владина седница и во Собрание е неизвесно.Во однос на користењето на старите пасоши при патување во странство, Тошковски рече дека странските држави имаат повеќе разбирање за македонските граѓани од нашата власт.

– Откога ќе се излезе со лична карта од територијата на Македонија кај трите наши соседи, без проблем може да се влезе со патна исправа со старото име во Република Хрватска без никаков проблем, во Република Унгарија без никаков проблем. Оттаму може да се влезе во Словенија и знаете согласно правилата на ЕУ, може да се патува слободно. Еве последно, шпанскиот амбасадор можев да го видам и рече дека сега како што е ситуацијата, тие имаат големо разбирање за македонските граѓани – рече Тошковски.Тој објасни дека во моментов МВР го има за неколку пати зголемено капацитетот на изработка и издавање на пасоши, но ограничувањето на нивното печатење и натаму останува.