Мафијашки говор на Груевски

0
1788

Во своето обраќање на конференцијата пред унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ покрај тоа што Грујо буквално брутално ги исплука сите и Катица Јанева, и Ван Хојт, и министрите и заменик министрите во владата тој вели дека оној кој сметал дека е народот глупав и дека можел да ја купи неговата доверба му продавал на народот слобода, демократија и демократски вредности но заборава дека токму тој е тоа кој го прави народот луд и јавноста мајмуни и морони.

По сите рокнати 37 бомби на опозицијата Груевски сеуште верува дека народот е луд и заслепен и тоа дека сите се морони иако во еден ден аудио снимките од бомбите достигнуваа зачудувачка бројка на гледаност од преку 116.000 прегледи на ден, а секако во негов стил Грујо се прави жртва и тоа дека тој е оној кој прави народот и јавноста да прогледаат.

Грујо упорно ја потценува јавноста и народот кога цел народ и јавност слушаа од бомбите на Заев како се земаат провизии од жутите на криминален и шверцерски начин, за тоа како се влечкаат гласачите од Швајцарија со помош на Минчо Јорданов за да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, за тоа како се прикриваше убиството на младиот Мартин Нешкоски, за тоа како се бираат судии во апелација и судството во Македонија според бројчиња во тефтерот на екс министерката Јанкулоска, за тоа како се закануваат со фрлање во ендеци цели фамилии со се деца, за тоа како се шегуваат со СМС пораки на смртта на Младенов, за тоа како Амди Бајрам ставал во избирачки список умрени, за тоа како се носат цигани на гласање за уши, па како Миле копилето се заканувало со бркање од работа во Општина Центар кликање лајк статус на Андреј Жерновски, па како Грујо и Миле копилето го рушеле објектот ,,КОСМОС” на Фијат Цановски а потоа по рушењето злобно се кикотат, па како газдата на Канал 5 Емил Стојменов и Протуѓер саботирале емисија на која имало прилог за опозицијата со гасење на струја и ред други режимски калакурници за кои Грујо смета дека народот ги заборавил и дека тоа е грев на некој друг а не негов.

Потоа тој во својот говор јасно порача до членството на ВМРО-ДПМНЕ дека тие можат слободно да ги шиканираат и навредуваат опозицијата заедно со сите овие горе споменати и дека тој е над уставот и законот во државата со што практично тој им дава јавно потстрек на сите лудаци и психопати кои се влезени во филмот на Миленко како што е требењето на неистомисленици, стрелање на предавниците во 4 наутро на стадион и слично да направат глупост и никој за тоа да не одговара, Грујо практично повика на граѓанска војна во Македонија и тој е потполно свесен за тоа, повика на колеж кој по кој знае кој пат и како и досега на сите јавни собири отворено се закани до неистомислениците. И секако да не заборавиме дека во неговите јавни закани од говорот не се исклучени и амбасадорите како Џес Бејли и Орав кој според него се странските служби кои го рушат од власт а не криминалот од бомбите како и аферата со Телекомот која достигна на афера од мегаломански размери.

Интересно е сепак да се чуе кој тоа најде да говори за валкани политички или други игри. Тоа го говори типичен мафијаш кој жените од унијата на жени од ВМРО-ДПМНЕ ги шлепал како кокошки заклани и вакумирани во ладилник и како пред пушка на овој студ да мрзнат по тоа автобусите и во СЦ Јане Сандански со хитлерови методи на уцени за губење на работата и корката леб. Па потоа како врв на иронијата се појавува она мутле со шишки кое сите знаат како дојде до местото претседателка на УЖ и говори за тоа дека жената е столб на нашето општество, секако , очигледно мисли на моментот од бомбите кога Сашо Мијалков им се јавува на судијките да “честат” за изборот…ЛУДИЛО!!! 😀

Во дел од говорот тој отворено го навредува лидерот на опозицијата Зоран Заев нарекувајќи го црпнатиот, каде покрај лидерот на опозицијата тој отиде до таму со паметот што им се заканува и на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, олеснувачот во преговорите за имплементација на договорот од Пржино Питер Ван Хојт дека ќе бидат на клоци избркани што јасно покажува дека преку неговите емоции од говорот Грујо го вади селјакот од него кој од шамари сега премина на клоци а можеби наскоро кај и да е ќе почне и со стрелање.

Ваков говор луѓе мои никако неможе да биде говор на одговорен политичар туку на некое безкрупулозно суштество кое во овој случај има цел да ја спаси својата крастава кожа од сторените кривични дела за одење на дооооолга робија во градинка за возрасни за која според правните експерти е преку 40 години вдомување.

Не не народе, ова е типично мафијашки и клошарски говор, говор исполнет полн со фрустрации, омраза, бес но и страв! Македонија е под окупација од обичен напуван мафиозо!

Пишува : Рубин Иваноски, главен и одговорен уредник на порталот Народен Глас