КОЛЕ ЧАШУЛЕ СТАНА ГАДЕН КАКО ЛАТАС И ГО ДОПРЕ ДНОТО: ТРАНСПЛАНТАЦИЈАТА НА СРЦЕ ЗАВРШИ ВО САБОТА, ЗА ДА МОЖЕ ФИЛИПЧЕ ДА ВОЗИ МОТОРИ СО ЗАЕВ ВО НЕДЕЛА?!

0
1907

Коле Чашуле повторно беше трагикомичен во својата емисија “Седмица” на тв Алфа.
Со горчина во душата честиташе успешна трансплантација на срце под водство на стручњаците во здравството но притоа не пропушти таа позитивна тема да ја оцрни само поради тоа што министерот Филипче се сликал со кардиолозите по успехот.

Чашуле направи и некрофилски испад, велејќи дека добро е што операцијата завршила во сабота за да може Филипче да си направи пиар на фејсбук бидејќи во недела требал да вози мотори со премиерот Заев а за докторите и персоналот во ковид центрите низ цела држава немало ниту еден слободен ден повеќе од една година. Намерно испушти да каже дека во корона кризата се применува систем на ротација за вработените во здравството.

Потоа го нападна и екс генералниот секретар на Владата, Рашковски по повод приведувањето и досудениот куќен притвор. Тврдеше дека за помали сомнежи, на други луѓе им бил досуден ефективен притвор во Шутка а Рашковски на ваков начин бил повластен и очигледно штитен од премиерот Заев преку судијата на тој случај.
Според Чашуле, за сомнителниот тендер на софтверот за МВР, Рашковски требал на клоци да биде избркан од Владата, а не да го остават да оди на одмор во Мексико и да го чекаат да се врати па да даде оставка.

После таков скандал, Чашуле бара лицемерно да следат и многу други оставки во Владата поради наводно изгубен кредибилитет кај народот и да се оди на итни парламентарни избори на кои што ќе навива за победа на ВМРО-ДПМНЕ.

Водителот Чашуле се дрзна и да го спинува процесот на Рашковски како намерен дефокус на СДСМ со цел да се одвлече вниманието од големите скандали со лажните пасоши и со 20-те илјади двојни матични броеви откако во 2016-та списоците веќе биле прочистени, а и тогаш и денес министер во МВР е Оливер Спасовски.

Чашуле очигледно беше наострен и против ДУИ. Според него, било симптоматично да има обвинети функционери и од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ досега, но да нема ниту еден од ДУИ. Притоа го прозва Талат Џафери дека бил нелегално избран за спикер на Собранието во претходниот мандат и дека како пратеник, порано рецитирал стихови и од Ацо Шопов или само си молчел кога добивал збор бидејќи политичко му одговарало, а денес ги дисциплинира пратениците на ВМРО-ДПМНЕ пред камери.
Коле Чашуле обвини дека СДСМ и ДУИ отстапиле од договорот, затоа Џафери не ја закажувал 36-тата седница за гласање на петтиот пакет мерки, туку прво морала да помине 32-рата седница за која што беа донесени и двајца пратеници во скафандери само за гласање.

За петтиот пакет мерки, само чекаа пратениците од опозицијата да влезат за да гласаат.

Каде го има тоа пратениците да доаѓаат на работа само за да се потпишат за дневници и патни трошоци и потоа да нема кворум во Собранието?!