НЕДОСТАСУВААТ 8.000 МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ – ГОЛЕМ ДЕЛ СЕ ПЕНЗИОНИРАА И ЗАМИНАА ВО ГЕРМАНИЈА

0
326

Недостасуваат околу 50 проценти од кадарот, односно 8.000 медицински сестри, алармираат од Недостоинствен е статусот на медицинските сестри во државава Националното Здружение на медицински сестри, техничари и акушерки на Македонија (ЗМСТАМ).Според Гордана Бешлиевска, претседателка на здружението на медицински сестри, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“ недостасуваат национални програми, законски одредби и прецизни колективни договори.

-Во овој момент, статусот на медицинските сестри понедостоинствен ми се чини дека не бил. Нашето незадоволство е поради нашата непризнаеност, непрепознаеност во болниците, неплатеност или незадоволството од општествениот статус воопшто, на медицинските сестри, со оглед на тоа дека стартната плата на една сестра е израмнета со минималниот личен доход. Нам ни недостасуваат национални програми, ни треба во колективните договори да биде внесено за да ни биде платено како што треба, што ќе ни оцртаат нашите работни задачи, нашите стурчности. Бидејќи го немаме Законот, ја немаме регулирано професијата па затоа ги имаме овие проблеми во болниците. Тоа во однос на непризнаеноста на школите и секогаш систематизациите се параван во здравствените институции, поради кои не може да им се признаат високите школи, објаснува Бешлиевска.

По ковид- пандемијата имаше масовно пензионирање, а најновиот и најзагрижувачки проблем е што сестрите си заминуваат од својата професија. Поради заминувањето во странство, најмногу во Германија, недостигот е огромен и изнесува 50 проценти.

-Ако стандардите покажуваат дека на 100.000 жители треба да имате до 800 медицински сестри, односно на еден милион – 7 до 8.000, а во моментов сега сме сите околу 8.000 медицински сестри во земјава, во старт недостасуваат 50 проценти. Тоа е многу голем процент и ги оптоваруваат сестрите во болниците. Мора Законот, кој по 32 години го истакнавме, треба да се донесе и да ги постави основите во образованието, стратегијата, компетенциите и признавањето на медицинските сестри, вели Бешлиевска.Медицинските сестри, инструментарки, ја објаснуваат тешката ситуација за работа на сестрите во болниците. Најголемиот проблем останува иселувањето.