(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Министерката за труд и социјала, Фросина Ременски го посети семејството кое настрада од експлозија на плинска боца во Драчево

0
919

Министерот за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски го посети семејството на Едија Амет чијшто дом беше опожарен при експлозија на плинска боца на 5 јануари во село Драчево. Семејниот дом во кој живееја три фамилии е изгорен до темел.

10292529_1065191256845461_7125494733904649846_n

Синот Медрез Амет ја информираше министерката Ташевска-Ременски дека дел од повредените се сместени во неговиот дом во населбата Лициче, дел се сеуште во болница, додека неговата мајка и снаа се во критична состојба.

Домот на неговиот брат Идриз Амет исто така настрада во пожарот и нема услови за живеење во него.

Министерката Ташевска-Ременски посакува брзо закрепнување на сите настрадани во пожарот и покрај упатените зборови на поддршка на семејството вети еднократна парична помош во висина од две просечни плати.