НЕВЕРОЈАТНИ 390 МИЛИОНИ ДЕНАРИ НАРОДНИ ПАРИ ИСПУМПАНИ ЗА ЕДНА ГОДИНА ОД ОПШТИНИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ ВО ФИРМАТА НА КОЧО АНЃУШЕВ

0
1914

Врската помеѓу екс-вицепремиерот за економски прашања и сопственик на компанијата „Брако“ Кочо Анѓушев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски датира уште од студентските денови на Мицкоски. Поточно, пријателството зачнува уште кога Иван Мицкоски, татко на Христијан, како редовен професор му беше ментор и на поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев за неговата докторска дисертација, а Кочо Анѓушев пак е ментор за докторската дисертација на Христијан Мицкоски.

Оваа пријателска релација потоа прераснува и во деловна соработка, која започнува уште од формирањето на „Енергомонт“ каде Мицкоски имаше свој уддел кој по облоденувањето во медиумите изјави дека го продал и дека веќе нема никакви врски со таа компанија. Но басните се за во епови, а во политиката никој досега во Македонија не се откажал од пленот – па така не верувам и дека Христијан под сугестија на јавноста излегол од фирмата. Дотолку повеќе не верувам бидејќи останатите ко-основачи на компанијата се другари на Мицкоски кои сега имаат и високи партиски функции, а некои добија и кривични пријави во случајот „Делчевски Ниви“.

Дека Анѓушев и Мицкоски негуваат добри деловни односи, говори и фактот дека од почетокот на новиот градоначалнички мандат на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ до овој момент, од општините се испумпани неверојатни 389.943.936 денари на компанијата „Енерџи Деливери Солушнс“, чиј довчерашен сопственик беше токму Кочо Анѓушев.

И сега треба да бидеме навистина наивни да веруваме дека и Кочо Анѓушев се уште не ја контролира компанијата или нема ќар од неа, иако „на папир“ не е негова.

Но да видиме по ставки, која општина колку пари испумпала на омилената компанија на Мицкоски за снабдување со електрична енергија:

ОПШТИНА АЕРОДРОМ:
Договор за набавка на електрична енергија за ЈП за стопанисување со јавно осветлување склучен на ден 24.04.2023 година, во вредност од 35.400.000,00ден. На договорот е потпишан в.д директорот Благоја Ѓорѓиевски.

Набавка на електрична енергија за потребите на Општина Аеродром склучен на ден 13.05.2022 година, во вредност од 36.200.040,00ден. На договорот е потпишан Тимчо Муцунски.

Вкупно од Аеродром 71.600.040 денари.

ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА:
Договор за набавка на електрична енергија за општина Кисела Вода, склучен на ден 08.05.2023 година во вредност од 31.999.999,92ден. На договорот е потпишан Орце Ѓорѓиевски.

Договор за набавка на електрична енергија за општина Кисела Вода, склучен на ден 15.06.2022година во вредност од 12.999.999,82ден. На договорот е потпишан Орце Ѓорѓиевски.

Вкупно од Кисела Вода 44.999.999,7 денари.

ОПШТИНА ГАЗИ БАБА:
Набавка на електрична енергија за потребите на Општина Гази Баба, склучен на ден 31.03.2023 година во вредност од 14.400.000,20ден. На договорот е потпишан Бобан Стефковски.

Набавка на електрична енергија за потребите на Општина Гази Баба, склучен на ден 01.04.2022 во вредност од 30.579.256,32ден. Потпишан e Бобан Стефковски.

Вкупно од Гази Баба 44.979.256,5 денари.

ОПШТИНА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ:
Договор за набавка на електрична енергија склучен на ден 25.04.2023 во вредност од 21.240.000,00ден. Потпишан од Александар Стојкоски.

Вкупно од Ѓорче Петров 21.240.000,00ден.

ОПШТИНА БИТОЛА:
Договор за набавка на електрична енергија склучен на ден 11.04.2023 во вредност од 55.904.102,44ден. Потпишан Тони Коњановски.

Договор за набавка на електрична енергија склучен на ден 11.03.2022 во вредност од 26.800.000,00ден. Потпишан oд Тони Коњановски.

Вкупно од Битола 82.704.102,44 денари.

ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА:
Договор за набавка на електрична енергија, склучен на ден 04.05.2023 во вредност од 15.257.646,38ден. Потпишан од Андон Сарамандов.

Договор за набавка на електрична енергија, склучен на ден 09.03.2022, во вредност од 31.278.590,40ден. Потпишан од Андон Сарамандов.

Вкупно од Гевгелија 46.536.236,8 денари

ОПШТИНА КОЧАНИ:
Договор за набавка на електрична енергија, склучен на ден 26.06.2023, во вредност од 25.999.999,99ден. Потпишан од Љупчо Папазов .

Договор за набавка на електрична енергија, склучен на ден 01.03.2022, во вредност од 9.300.000,01ден. Потпишан од Љупчо Папазов.

Вкупно од Кочани 35.300.000 денари.

ОПШТИНА ВАСИЛЕВО:
Договор за набавка на електрична енергија склучен на ден 13.05.2022, во вредност од 4.720.000,00ден. Потпишан од градоначалникот Славе Андонов.

Вкупно од Василево 7.720.000 денари

ОПШТИНА ВИНИЦА
Договор за набавка на електрична енергија склучен на ден 18.04.2023 во вреднот од 9.204.000,00ден. Потпишан од градоначалникот Миле Петков.

Вкупно од Виница 9.204.000 денари

ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР:
Договор склучен на ден 21.03.2023 во вредност од 4.720.000,00ден. Потпишан од градоначалник Никола Најдовски.


Уште еден склучен на ден 28.03.2022 во вредност од 6.000.300,00ден. Потпишан од градоначалникот.

Вкупно од Демир Хисар 10.720.300 денари

ОПШТИНА КРАТОВО:
Договор за набавка на струја склучен на ден 07.03.2022, во вредност од 3.540.000,00ден.
Уште еден договор склучен на 07.03.2022 во вредност од 4.999.999,84ден. Двата потпишани од градоначалникот Тодорче Николовски.

Вкупно од Кратово 8.539.999,84 денари.

ОПШТИНА ПЕТРОВЕЦ:
Договор склучен на ден 08.07.2022, во вредност од 6.400.000,22ден. Потпишан од градоначалникот Борче Митевски.

Вкупно од Петровец 6.400.000,22ден

Вкупно од сите општини, нешто помалку од 390 милиони денари или околу шест милиони евра. За година дена. На фирмата на менторот на Христијан Мицкоски, Кочо Анѓушев.

А, јас мислев дека се политички противници…

А.Митовски

Извор : Инфомакс.МК