НА ПАРАДАТА НА ГОРДОСТА ВО ЗАГРЕБ УАПСЕНИ 14 ЛИЦА, ОД КОИ ДЕСЕТ МАЛОЛЕТНИЦИ

0
446
За време на Парадата на гордоста хрватската полиција приведе вкупно 14 лица, од кои 10 малолетни, кои по извршени разговори се пуштени на слобода.

Полицијата  кривично пријавила двајца мажи на возраст од 53 и 41 година за поттикнување насилство и омраза за време на Парадата на гордоста во Загреб и ги предала на надзорникот во притворот, додека двајца дваесетгодишници биле пријавувени за обид за кражба од омраза.

Според полицијата, во случајот со пет малолетни лица кои се гонат по службена должност не се констатирани елементи на прекршочно или кривично дело. Против еден малолетник ќе биде поднесен обвинителен акт поради прекршување на Законот за лична карта, а кривичната истрага продолжува за четворица малолетници поради закана за кривично дело од омраза врз 29-годишен учесник на јавен собир.

Полицијата ја продолжува истрагата за утврдување на идентитетот на сторителот кој во саботата околу 19 часот и 25 минути му пришол на 25-годишник во паркот Зрињевац и му го скинал знамето со виножито. Повредениот млад човек паднал на земја, а непознатиот вербално го нападнал со погрдни зборови кои се однесуваат на неговата сексуална ориентација, по што се оддалечил со знамето. Полицијата го сомничи за тешка кражба на дрзок начин, мотивирана од омраза.