НОВА ТУРА НАВРЕДИ ОД ГЕРО ДО ПРЕМИЕРОТ И ТОА САМО ЕДЕН ДЕН ПО ИСТОРИСКИОТ ПРИЕМ НА ЗЕМЈАВА ВО НАТО: ЗАЕВ Е ПРЕМНОГУ ГЛУП ЗА ДА БИДЕ ТАТКО НА НАЦИЈАТА!

0
1380

Нова брутална колумна  со брутални навреди на сметка на премиерот Зоран Заев од Геро, и тоа само еден ден по приемот на Македонија во НАТО, историски успех за што најголема вина има токму премиерот Заев.

Во колумната  Геро го нарекува Заев глупак кој е толку глуп што нема шанси да биде татко на нацијата:

Ете затоа, рецептот за успех во политиката денес се вика перманентна кампања. Перманентна агитација и пропаганда. Нонстоп агитпроп. Првпат  тој феномен го видов во времето на Слободан Милошевиќ. И признавам, ме фасцинираше, ме зграпчи дури за момент таа магија. Овде на Балканот, рецептот го усоврши Никола Груевски и така владееше цела една деценија. Нема Нобелова награда за такви работи, ама да имаше, сигурно ќе ја добиеше. И на Зоран Заев не му оди лошо, ама за човек од таков формат, покрај беспрекорно познавање на „југословенскиот есперанто“, сепак некако тешко се лепи ролјата на „духовен реформатор“. Не можеа ли пиарчиите да му смислат некоја посоодветна, за народот поприфатлива улога?

За крај, да го кажам и тоа дека моите очи во моментов се свртени кон Србија. Мислам дека со новата кампања насловена како „Иднината на Србија“, српскиот претседател Александар Вучиќ ќе ги надмине сите балкански и светски популисти. Уште на стартот, таа кампања ми наликува на еден сумарен практикум на сите досегашни врвни достигнувања на популизмот во овој дел од светот. Ќе биде забавно да се гледа тој циркус… Како и нашиов, бездруго.

Да беше толку глуп Заев како што го напаѓа Геро, зарем Заев ќе успееше прво да стане градоначалник на Струмица, па да биде најдобар градоначалник во земјава, па да стане лидер на СДСМ, па да го сруши режимот на Груевски, па да постигне договор со Бугарија, па да постигне договор со Грција, па да ја внесе земјата во НАТО…

Како е можно сето ова ако Заев бил многу глуп? Или напротив, Заев е баш интелигентен, со брза мисла, со капацитет за политичка стратегија, искомбинирано со луда храброст и политичка визија?

Да тој прави многу често гафови во своите настапи, но тоа е знак дека не е перфекционист, не е бубалица, не е некој што киснел по библиотеки, своето искуство го градел и на улица, и во бизнис сферата и во политиката и на пазарите и на нивите, затоа тој е толку добар, затоа што мудроста му се протега на повеќе нивоа и повеќе области и нема од каде можеш да го нападнеш и да го победиш, тој нема слаба страна и е политички речиси непобедлив!

Проценете сами почитувани читатели.