Најчевска за гафовите на Силјановска: Ако во ваква ситуација губи концентрација, што ќе стане во ситуација на криза?

0
1125

Како прво, воопшто не е сеедно дали кандидатот за претседател прави гафови или не. Ако во ваква ситуација губи концентрација, што ќе стане во ситуација на криза?

Второ, да не ги знаеш македонските градови, а да се кандидираш за претседател е малку несериозно и безобразно.

Трето, да употребуваш латински изреки, а да не го знаеш нивното значење е знак на големо незнаење кое се затскрива со шлакање во надеж дека оние кои слушаат знаат уште помалку. Драга моја, професорка на правен факултет мора да знае што значи изразот in medias res (или, во центарот на нештата), и мора да знае соодветно да го употреби, а не да тресе зелени.

ФБ статус на професорката и граѓански активист, Мирјана Најчевска