НАЈПЛАТЕНИОТ ФУДБАЛЕР НА СВЕТОТ ОЧЕКУВА ДЕТЕ СО ВНУКАТА НА ПОРАНЕШНАТА СОПРУГА

0
922

Бразилскиот фудбалер Гиванилдо Виеира де Соуза, попознат како Хулк очекува дете со својата нова сопруга, Камила Анџело. Но, тоа би било нормално доколку Камила не е внука на неговата поранешна сопруга.

Бразилскиот фудбалер Гиванилдо Виеира де Соуза, попознат како Хулк очекува дете со својата нова сопруга, Камила Анџело. Но, тоа би било нормално доколку Камила не е внука на неговата поранешна сопруга.Хулк долго време ја криел врската со внуката на неговата поранешна сопруга, но сега двајцата се гордеат со својот брак, откако со години биле на столбот на срамот.Хулк се развел од првата сопруга во 2019 година, како би се оженил со нејзината роднина година дена подоцна. Дека бракот не бил само така склучен сведочела бременоста која дошла една година по бракот, а сега го очекува второто дете.


Кога била откриена аферата помеѓу Хулк и Камила, неговата поранешна сопруга била и повеќе од повредена, а фудбалерот тогаш изјавил: „Не ја изневерував сопругата со Камила. Кога почнавме да се забавуваме, јас бев слободен човек. Со Иран (поранешната сопруга) не бев во добри односи и ја изневерував долго време. Сакав слобода, а таа само сакаше да има статус сопруга на Хулк.“

Иран и Хулк имаат три деца.Кога Камила била тинејџерка го обожувала Хулк кој во тоа време ѝ бил вујко.„Кога ја запознав Иран имав 21 година. Денес имам 34 и сакам други работи. Камила дојде во Кина и се поврзавме. И двајцата бевме слободни.“


Хулк е, инаку, познат во светот како еден од најбогатите фудбалери бидејќи неговите приходи се изразени во астрономски бројки.