НАСЕР ЗИБЕРИ НЕ САКА ДА БИДЕ 100 ДЕНА ПРЕМИЕР НА ДРЖАВАТА

0
281

Согласно договорот Ахмети – Заев, последните 100 дена од оваа влада треба да ги води технички премиер – Албанец, од ДУИ, како што инсистираат интегративците.
Народниот правобранител Насер Зибери смета целта била да се урне табуто за премиерската функција. Сепак, тој ја отфрла можноста одново да биде кандидиран за премиерска функција и вели дека за ова разговарал и со првиот човек во ДУИ, Али Ахмети.

„Пред 10 дена имав средба со претседателот Ахмети на којашто требаше да разговараме за прашањето за кандидатот за премиер. Тој ги изложи сите можни опции, констелацијата на извештаи на политичката сцена додека ги искажував моите ставови за прашањето за мојот евентуален ангажман. Реков дека не е добро да се напушти оваа институција Народен правобранител во последните три месеци и потоа да не се знае како ќе се одвива нејзината идна активност, со што господинот Ахмети целосно се согласи“ вели Зибери за тв21.