КАПИТУЛАЦИЈА НА ВМРО-ДПМНЕ, ЌЕ ГИ ПОВЛЕЧАТ СИТЕ АМАНДМАНИ ЗА ЗАКОНОТ ЗА ДРЖАВЈАНСТВО ПО ДОГОВОРОТ НА ЗАЕВ СО СЕЛА И ГАШИ

0
358

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави денеска дека ќе ги повлечат сите амандмани на законот за државјанство, за да се изгласа петтиот пакет мерки за помош на граѓаните и стопанството.

“Свесни за недостигот на искрена желба за брзо решение, но и за критичниот момент во кој што се наоѓаат Македонија, граѓаните и стопанството, ќе ги повлечеме сите амандмани на Законот за државјанство се со цел конечно да се изгласа петтиот пакет на мерки за помош на граѓаните и стопанството. Дури и во вакви моменти, кога над 55 илјади граѓани останаа без работа и едвај врзуваат крај со крај, кога македонската економија е на колена и илјадници компании се затворија, Заев и СДСМ без око да им трепне покажуваат огромна неодговорност и негрижа за граѓаните и стопанството” – рече Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција.