НАСА има големи проблеми со вселенското летало Kepler

0
1240

НАСА прогласи вонредна состојба откако пред неколку дена откри одредени проблеми на вселенското летало Kepler, кое со години има за мисија да пронаоѓа егзопланети во вселената.

Минатата недела инженерите на НАСА открија дека леталото е во вонредна состојба на модалитет на работа. Последното функционирање на Kepler за последен пат било забележано на 4 април. Во ваква состојба леталото троши многу повеќе енергија од вообичаено. Од НАСА не знаат кои се причините што се активирал самостојниот режим на работа, кој се вклучува единствено во состојба на евентуална опасност.

Леталото досега има откриено скоро 5.000 планети надвор од Соларниот систем. Лансирано е во 2009 година, а својата првобитна мисија ја заврши во 2012 година кога пронајде повеќе од 1.000 планети.